Ве молиме најавете се!

Ви благодариме за посетата и се надеваме на одлична соработка.

Прочитајте  задолжително пред да започнете со регистрација и купување !

1. Компанијата го задржува правото да третира злоупотреба и да не дозволи или исклучи пристап доколку:
- Внесените податоци при регистрацијата не се точни или се сомнителни.
- Регистрираниот корисник се најавува на електронската продавница од повеќе адреси во исто време. Доколку имате таква потреба контактирате не.
- Ако корисникот е регистриран подолг период а не ја користи продавницата за купување.

2.Нарачките направени од понеделник до сабота до 15.00 часот ќе Ви бидат испорачани на Вашата адреса следниот работен ден било каде на територијата на Република Македонија. За вкупна сума на нарачки во вредност над 2000 ден. во ист ден (доколку нема пребивање) поштарината ќе Ви биде бесплатна.
   Компанијата го задржува правото да испорача помала количина ако нема доволно на залиха од нарачаната, По завршување на нарачката, проверете повторно за точните количини и сума.

3.Сите цени се со пресметан ДДВ а плаќањето е исклучиво вирмански со фактура. Компанијата го задржува правото да ја задоцни испораката доколку од било каква причина задоцнат паричните средства на нашата жиро сметка, а за коминтенти што имаат склучено Договор за соработка испораката ја вршиме веднаш по нарачката.

4. Купената стока не се враќа. Доколку се случи да е фабрички неисправна, истата подлежи на гаранција т.е. рекламираната стока што не се сервисира ќе Ви биде заменета со нова откако ќе ни ја испратите назад за да се провери во сервис. Доколу рекламираната стока ја немаме на залиха, за истата сума ќе Ви бидат вратени или пребиени паричните средства. Резервните делови не подлежат под гаранција ако се оштетени или извадени гаранционите стикери и фолии, ако се лемени, превиктани или на било кој начин оштетени. Резервните делови кои не се лемат при монтажа треба да се тестираат на несклопен уред.
    Поштенските трошоци за рекламираната стока по истата пошта се на наша сметка доколку не контактирате електронски за пратката (skype: digico.kumanovo или e-mail: digico_mk@yahoo.com) и доколку износот на целата нарачка која ги содржи артиклите за рекламација не бил помал од 3000 ден. На овој начин може да се рекламира и еден артикал со поштарина на наш трошок, независно колку чини сумата на истиот. Враќањето назад на сменетиот артикал за исправен ќе биде во првата следна Ваша нарачка.

 

Доколку имате било каква потреба не двоумете се да не контактирате.
Ви благодариме на довербата.
Дигико Електроник Дооел



КОШНИЧКА
Вашата кошничка е празна