Ве молиме најавете се!

Информации > За нас

За нас

Нашата компанија ДИГИКО ЕЛЕКТРОНИК ДООЕЛ со нашиот сручен тим професионално се занимава со електроника од далечната 1991 година. Започна со производство на електронски модули кои беа дел од разни електронски уреди во секојдневието. Подоцна дејноста ја проширивме во сервис и одржување на аудио и видео техника, како и фиксна телефонија. Дел од нашите искуства во областа на електрониката е и одржување на примопредавателна техника.


Со технолошкиот развој во електрониката дојде и СМД технологијата која бара повеќе знаење, едукација и стручен кадар, меѓународна соработка и размена на искуства, повисоко софистицирана опрема, секојдневно следење на новитети, посета на семинари и доста покомплексен начин на работа.


Со многу труд, ентузијазам и посветеност чекоревме паралелно со развојот. СМД технологијата се пренесе и во мобилната телефонија. Во почетокот на предходната деценија, употребата на мобилните телефони почна да зазема висок степен на популарност во секојдневниот живот и јавноста. Заедно со тој чин произлегоа и потребите за софтверско и хардверско одржување, потреба од се пософистицирана опрема за сервис, како и побарувачка на разни резервни делови како и галантерија за истите. Повикувајќи се од предходното искуство, нашата компанија беше спремна да се понесе со овој нов тренд во електрониката така што од 2003 година почнавме професионално да работиме во мобилната телефонија, во која област покажуваме успех и денес. Имено, за брзата и ефикасна услуга од аспект на сервисирање на мобилните телефони и таблети, за брзата и ефикасна услуга во продажбата на најголемиот избор и асортиман на галантерија на истите во нашите продавници и интернет продавници, за најконкурентните цени во републиката како и нивниот загарантиран и одберен квалитет сведочат огомен број на задоволни клиенти.


Според потребите на клиентите кои се нашата движечка сила, според технолошкиот развој од аспект на квалитет и иновативност, според пристапните цени и конкуренцијата како и според се поголемата понуда на различни модели на мобилни телефони од производителите, спремни сме да се понесеме со предизвиците и сме сигурни дека овој ритам на развој ќе го задржиме и во иднина, како и нашите лојални клиенти, во се поголем број.


Ви благодариме на довербата.


Со почит,

Ваш Дигико





КОШНИЧКА
Вашата кошничка е празна